Промоција на книгата за царското семејство Романови
Руската амбасада и Повардарската епархија денес организираа промоција на книгата за царското руско семејство Романови „Љубовта е посилна од смртта“, книга која е издадена од издавачката дејност на Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“. Оваа промоција се одржа во Музејот на Македонската борба, а се организираше во спомен на 100 годишнината од убиството на царското семејство Романови. На настанот говореа амбасадорот на Руската федерација, Неговата Екселенција г-дин Сергеј Баздникин и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел.