Тајната на Пресвета Троица - Прв дел (11.07.2015)
Многу луѓе веруваат во Бога, во тоа дека нешто постои, некаква сила (има Нешто…). Тоа е едноставно деизам. Но, да се верува во Бога, тоа сè уште не значи да се биде христијанин. Богот на Библијата, Богот на Христијанството е Бог на Откровението. Он не бил воочен како некоја безлична суштина, туку Самиот се открил на светот онаков како што Е, како Личност.