Не плаши се, Јас Сум со тебе
Се случува, тешејќи го своето дете, мајката да му рече: „Не се плаши, јас сум со тебе“. Ете така и нашиот Творец, милосрдниот и човекољубив Бог, Отецот на изобилието и на секоја утеха, ѝ се обраќа на верната душа, која се наоѓа во искушенија и маки: „Не плаши се, Јас Сум со тебе!“