СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ: СЛАВОЉУБИЕТО
Нема страст, што не е штетна за човечката душа. Како што бурните ветрови го напаѓаат тивкото море, го разматуваат до дно, така и различните страсти, откако ќе се втурнат во душата, разматуваат сè во неа и ја парализираат нејзината мисловна способност: тоа особено се однесува за страста славољубие. Да презреш богатство и блага – не е нешто тешко: меѓутоа, да ја презреш честа од луѓето и славата на земјата – потребни се многу усилби, голема мудрост, високо благочестие, ангелска душа!