Бигорското ќелијно училиште било првото училиште во западните краишта на Македонија и неговото најрано споменување во историските извори е од времето на знаменитиот игумен Арсениј, во првата третина на XIX век. Се претпоставува дека тоа функционирало и претходно, но Архимандрит Арсениј се погрижил да го збогати со потребна литература.
Свети Филарет Московски - ПРАВОСЛАВЕН КАТИХИЗИС (2)
66.Што е Символот на верата?
Символот на верата е учење за тоа во што треба да веруваат христијаните. Тој е изложен во кратки, но точни зборови.
67. Како гласи Символот на верата?
1. Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, и на сѐ видливо и невидливо;
2. И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од Светлина,