Митрополит Атанасиј Лимасолски: Го љубиме ли Бога? – II дел
– Зошто тогаш се случуваат толку несреќи? Нели Бог промислува за сите?
Не можеме да знаеме зошто се случуваат несреќите – има многу причини: нашата невнимателност е само една од илјадниците. Сепак Бог е Единствениот, Кој не е причина за злото. Господ никогаш не станува причина за зло. Има моменти кога некој нѐ задржал, па доцниме за некоја работа, но подоцна сфаќаме дека да бевме тргнале навреме, нешто ќе ни се случеше.