Вторник од Прва седмица на Великиот пост - Од книгата Битие, читање (1,14-23)
Потоа рече Бог: „Нека се појават светила на сводот небески, што ќе ја осветлуваат земјата за да го делат денот од ноќта, и да бидат знаци и за времињата и за деновите и за годините; и нека светат на сводот небески за да ја осветлуваат земјата!" И би така. И создаде Бог две големи светила: светило поголемо да управува со денот и светило помало да управува со ноќта, и ѕвезди; и ги постави Бог на