Преподобен отец наш Прохор Пчински (01.11.2015)
Храната му се состоеше од диви плодови, треви и корења, а притоа јадеше еднаш во седмицата. И кој би можел да ги опише сите неговите подвизи, во непрестајната молитва, солзи и трудови, во зимен мраз и летна горештина лежејќи на гола земја наместо на мека постела. Навистина испосник, навистина пророк, навистина маченик, кој лежи врз студен камен!