СВЕТИ ВАСИЛИЈ ОСТРОШКИ
1 ден 25.03 (Петок): СКОПЈЕ
Состанок на групата во 24,00 часот на паркинг на Хотел Вип. Поаѓаме кон Подгорица. Ноќно возење.
2 ден 26.03 (Сабота): ПОДГОРИЦА - ОСТРОГ
Пристигнуваме во претпладневните часови во Дајбабе, Манастир во близина на Подгорица. Разглед на Манстирот и Манастирската Црква која е издлабена во камен во вид на Крст каде се Моштите на СВ.СИМЕОН ДАЈБАБСКИ до пладне кога продолжуваме кон Острог. Пристигнуваме попладне. Сместување во конаците на горниот Манастир. Поклонување на Моштите на СВ. ВАСИЛИЈ ОСТРОШКИ. Во вечерните часови присуствуваме на литургија на горниот манастир до 22.00 ч. кога се гасат светлата. Ноќевање.
3 ден 27.03 (Недела): ОСТРОГ –ЦЕТИЊЕ- СКОПЈЕ
Сабајлето во 06.00 ч. присуствуваме на утринска литургија. По литургијата околу 10.00 ч. поаѓаме кон Цетиње. Во Цетиње го посетуваме Цетинскиот Манастир. Три големи Христијански Мошти се наоѓаат во Цетиње. Тоа се: раката на СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ, Честица од СВЕТИОТ КРСТ и Икона на ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА на ФИЛАРМОСА. Првите две се чуваат во Манастирот Цетиње, а третиот во Сината Капела во зградата на Домот на Владата. Околу 16.00 часот се упатуваме кон Скопје. Пристигнуваме во раните утрински часови.
Цената на аранжманот изнесува само 2000 денари.
Во цената на аранжманот е пресметано:
Пат на наведената релација со автобус / минибус
Разглед на Манстирите опишани во програмата
Посета на Цетиње
Организација и реализација на патувањето
Подарок ДВД/ЦД со ПРАВОСЛАВНИ ПОУЧНИ ФИЛМОВИ
Во цената на аранжманот НЕ е пресметано:
Патничко осигурување
Трансфер до горниот манастир околу 1 €
Се она што не е предвидено со програмата
Напомена: За реализација на програмата потребна е група од 40 лица. Пријавување најдоцна до 20.03.2016 г.
ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ – ХРИСТИЈАН, МОБ.: 078/335-863;
FB: ПРАВОСЛАВНИ ПОКЛОНИЧКИ ПАТУВАЊА;
E-MAIL: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.;