Сеноќен спомен на слаткогласниот Кукузел
Оној кој целиот свој живот го посветил на умилното и боговдахновено црковно пеење, кој со посебна љубов и страв Божји Му пеел на Бога, на Неговата Пресвета Мајка и кој толку силно ја привлекол Нејзината милост што Таа му подарила златник и ветила дека никогаш нема да го остави, беше прославен со сеноќно бдение во Рајчичкиот манастир на Св. Георгиј Победоносец.