Учеството на христијаните во Крстот Христов
Секако, Крстот во животот на Пресвета Богородица, како практика и созерцание, не бил ист како во животот на старозаветните праведници коишто имале удел во гревот. Крстот за нив била борба за надминување на гревот, додека кај непорочната, неосквернета Богородица Крстот бил возвишување од сила во сила, од слава во слава и од созерцание во созерцание.