Св. Доротеј вели: „И јас еднаш видов смирен човек во еден манастир, кој на никого не му одвраќаше; сите го прекоруваа, а тој премолчуваше и си реков: ’Овој ќе да е многу свет!‘ Отидов да ја дознаам неговата тајна и се разочарав. Зошто? Го прашав: ’Отче, како така не се гневиш и имаш такво смирение и сѐ поднесуваш?‘ И знаете ли што ми одговори? ’Да – да!
Преп. Пајсиј Светогорец: Да го засакаме доброто – тогаш тоа ќе стане наше
Во истиот миг кога ќе почнеме да копнееме за својата духовна слобода и ќе посакаме да Го следиме Христа, ќе се ослободиме од своите страсти и ќе станеме слуги Божји. Тоа значи дека имаме власт над себе. Христос сите заповеди им ги дал на оние кои се робови на гревот, велејќи им да го остават гревот и да тргнат по Него. Па така Бог му вели на крадецот: „Не кради!“,