Литија на единството, мирот и љубовта во Струга (07.05.2015)
Светлото празненство и ликување во Рајчица од изминативе два дена, во чест на светиот и славен Великомаченик Георгиј Победоносец, денес во полнота се премести во нашата прекрасна Струга. И не само што се премести, туку уште и како со царски венец се круниса со торжествената традиционална струшка Еордија. Најпрво, на празничната ктиторска вечерна богослужба, со која началствуваше нашиот надлежен Митрополит Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, во сослужение со Митрополитот Повардарски, г. Агатангел...