За Великиот пост (28.02.2023)
Светата Четириесетница е востановена во чест на спасителните страдања и Воскресението на Господ Исус Христос. Според Типикот на Православната Црква се пости на следниот начин: за цело време на постот во сабота и недела е дозволена употреба на масло. Во останатите денови од седмицата (од понеделник до петок) не се употребува масло. Риба се јаде само на Благовештение и Цветници.