Митрополит Струмички Наум - Обрезание, по срце и уши (13.01.2018)
За полесно да го сфатиме настанот на обрезанието на Богочовекот Христос, најнапред треба да се потсетиме на две работи. Прво, на зборовите Христови: „Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам. Зашто, вистина ви велам, дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сè“ (Матеј 5, 17–18). И второ, сè што Богочовекот во Божјиот Домострој направи, за нас и наше спасение го направи, а не за Самиот Себе.