Затоа, деца, како православни ги отфрламе и двете крајности, кои се ерес. Го отфрламе екуменизмот, го отфрламе и зилотизмот. Не прифаќаме дека сме фундаменталисти, ниту екуменисти. Ние сме православни христијани, врамнотежени луѓе, го љубиме целиот свет, се молиме за целиот свет – преку Литургијата – не сме ние оние што ќе му судат на светот, Бог ќе му суди на светот. За нас, пропаста дури и на едно суштество е болка. Не сакаме ниту еден човек да исчезне од Божјото лице, апсолутно ниту еден.
Австралиско – сиднејската епархија: НЕДЕЛА НА БЛУДНИОТ СИН
На 24. 02. 2019 година, во Неделата на блудниот син, кога го прославуваме споменот на светиот маченик Георгиј Кратовски и светиот Власиј, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија беа отслужени Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.