Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)
Богочовекот Исус Христос е единствената Глава на Црквата. Епископот на локалната Црква е икона Христова, седи на место Христово и претставува обличје Негово. Тој не е Самиот Христос, туку е икона Христова; а почитта кон иконата се пренесува на оригиналот. Послушноста се подразбира – потврдена е и од Самиот Христос во Светото Евангелие: „Кој ве слуша вас [значи Апостолите или, денес, Епископите], Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува; а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној Кој Ме пратил“ (Лука 10, 16).