Преподобен Нил Синајски: За добродетелите и молитвата
Ако некој посака да направи миризлив темјан тој треба да земе по четири еднакви дела "стакта, оникс, халан миризлив и ливан чист" (2. Мој. 30,34). Тоа се четирите добродетели: воздржливоста, храброста, мудроста и правдата. Кога сите тие се присутни во душата во потполно совршенство и со еднаква сила, тогаш умот, се разбира, нема да биде предаден од некаков внатрешен предавник.