Чествување на патронот во Македонската богословија 07.12.2018
Чествувањето започна со Вечерна богослужба во црквата „Св. Спас“ во Драчево, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион,
Чествувањето започна со Вечерна богослужба во црквата „Св. Спас“ во Драчево, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион,
Секој ден ни се случуваат различни искушенија, кои го имаат за цел нашето духовно здравје. Се случува некој колега или член на нашето семејство да ни направи забелешка, сакајќи да не натера да го загубиме свото самовледеење. За нас тоа ознчува: треба по внимателно да ги ...
Бидејќи, штом почнеме и најмалку да се сомневаме во другиот и да обрнуваме внимание на она што тој прави, нашиот ум веќе не внимава на своите грешки. А после тоа веќе доаѓа озборувањето, осудувањето и презирањето на другите, и на крај, неминовно – паѓање во оној ист грев, кој го осудуваме кај другите.
Нашата плот со нејзините страсти и похоти можеме да ја распнеме преку воздржание од нив, како и преку дејства кои им се противположни на страстите. На пример, кога гневот нѐ побудува да му злословиме на непријателот и да му правиме зло, ние, сепак, ќе ѝ се спротивставуваме на таа желба; спомнувајќи си како Исус Христос на крстот се молеше за Своите непријатели, па така да се молиме и ние за нашите, и на таков начин ќе ја распнеме страста на гневот.
Ги исповедам jac многугрешниот (името) на Господ Бог и Спасителот наш, Исус Христос и тебе, чесен оче, сите мои согрешенија и сите злодела кои ги направив, или помислив во сите дни од мојот живот, до ден денес.
Згрешив: Заветите од Светото Крштение не ги запазив, монашкиот завет не го сочував, а во сè излажав и се покажав непотребен пред Лицето Божјо.
Во Символот на верата откако е кажано дека Бог се воплоти, додадено е дека Тој и се вочовечи. Тоа е направено за никој да не мисли дека Синот Божји примил само плот или тело, туку за во Него да признаат совршен Човек, Кој се состои од тело и душа.179. За тоа постои сведоштво во Светото писмо. Апостол Павле пишува: еден е Посредникот помеѓу Бога илуѓето - Човекот Христос Исус (1 Тим. 2, 5).
На празникот Воведение на Пресвета Богородица - Пречиста, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен, Епископот Полјански г. Јаков и бројно свештенство на Повардарската епарјхија отслужи Света Архиерејска Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. На Литургијата со празнично слово се обрати новоизбраниот Епископ Полјански г. Јаков.
„Стариот закон, Пречиста, преславно те предвидуваше како скинија и божествен сад, необичен Ковчег и царска завеса, и жезол, храм неразрушлив и врата Божја. Затоа нѐ учат да ти викаме: Навистина си повозвишена од сите, Дево Пречиста“ (песна од канонот на Утрена на Воведение на Пресвета Богородица - Пречиста).
Во 1929 година заедно со уште еден од неговите родени браќа стапија во Скитот Сихастрија, каде што веќе монахуваше нивниот постар брат. На почетокот беше поставен да ги пасе овците од скитот, служење кое го исполнуваше со голема духовна радост. Откако ја исполни својата воена обврска (1935-1937), стана монах во истиот скит.
На 4- ти декември 2018 година, на празникот Воведение на Пресвета Богородица, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, беше отслужена Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на свештенството од Скопската епархија.
Вечерта пред спиење повторно да ги приклониме колената и да Му принесеме наши молитви на Бог. Во средината на денот или навечер да го отвориме Новиот Завет и да прочитаме барем една глава од таму. Затоа свети Затоуст вели дека ѓаволот бега од куќата каде што е Евангелието
Денес, на празникот Воведение на Пресвета Богородица, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум излезе најновиот том „Житија на светиите“ за месец октомври, во чест и слава на Преблагословената Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија, преку Која секој Божји дар го добиваме, и во чест на светиот отец наш Григориј Палама, заштитникот на Струмичката епархија, и светиот великомаченик Димитриј Мироточив, кому му е посветен храмот што ги издава „Житијата на светиите“.
Никoј да нe сe oддeлува oд oпштoтo славeњe на Бoга; и никoј да нe пoмислува дeка нeгoвoтo славeњe на Бoга, вo oдвoeнoст и пoсeбнoст e пoдoбрo oткoлку славeњeтo на Бoга вo eдинствo и вo цeлина на ситe вeрници. Нe e вистина дeка eдeн члeн сe губи вo мнoзинствoтo, та нeгoвиoт глас прeд Бoга нe сe слуша. Зарeм раката нe гo извршува свoeтo дeлo најдoбрo кoга e вo цeлина сo тeлoтo?
Божјата Промисла се грижи за нас, така што и нашите најмали телесни тешкотии не остануваат незабележани од Негова страна. Како последица на тоа, секој од нас при телесна тешкотија треба вака да размислува: оваа болест или друга незгода е последица или на мојата невнимателност или на човечката злоба или на нешто друго, но во секој случај не би се случила без Божјата Промисла, која ја одредила според моите сили, така што нејзиниот почеток и нејзината тежина (ослабување или засилување) зависи од Него.
Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје Ве поканува на Вториот Светиклиментов научен собир по повод 1000-годишнината од Охридската Архиепископија и 60-годишнината од Македонската Православна Црква на тема „Вера и општество“. Собирот ќе се одржи во свечената сала на Факултетот на 06.12.2018, со почеток во 10:00 часот.
Има само еден случај кога можеме и треба да велиме Јас! – тоа е кога се обвинуваме себе си. Тогаш можеш да кажеш: „Јас сум виновен, јас го направив тој грев, јас згрешив, јас посакав и го направив“. Во тој случај – да, но за жал тоа се единствените случаи во кои не велиме Јас.
Возобновувањето на човечката природа преку Христа едноставно не го ослободи човекот само од трулежот и смртта, туку ја надмина состојбата пред падот и го удостои со обожувањето и „доближувањето“ кон Отецот. Човечката природа, привлечена од Христа, преку благодатта на Светиот Дух стана победник над распаѓањето и смртта и беше воведена во животот на Телото Христово,
И на сето тоа, потребно е самоиспитување: да не беше Твојот закон утеха за мене, ќе загинев во неволјата своја.Треба да знаеш дека има и доблесни луѓе, кои, кога ќе се укаже потреба, јадат и пијат сè што ќе им се принесе, заради заедничката трпеза, а кога ќе бидат сами, со построг пост го надополнуваат разрешувањето што си го допуштиле“.
И како што нашата утеха во будна состојба се состои од умилението кое се раѓа од свеста за сопствените гревови, од сеќавањето на смртта и на судот Божји – само што тие помисли се јавуваат од благодатта Божја која живее во нас, засадена со светото Крштение, и Ангелите Божји ги донесуваат согласно со