Постои сепак случај, кога христијанинот може да се постави со вознемиреност кон она што се случува и на своевиден начин „егоистично“ но без да има вистински егоизам во душата. Кој е тој случај? Кога треба да ја заштитиме нашата вера, можеме и треба да сме покатегорични и построги, но тоа нема да биде вистински егоизам, туку наше исповедање на верата.
Детско катче: ЗА ЉУБОВТА
Ако добро размислам, сè околу мене е поврзано со овој збор. Уште од првиот мајчински поглед и начинот на кој ме гледаше кога бев мал, до татковите поуки и семејната атмосфера која владее во нашиот дом – сè е поврзано со љубовта. Родителите уште од мал ме учеа да си ги сакам пријателите и соучениците… Се сеќавам, и уште се смеам на една случка од второ одделение, кога сакав да разделам две деца од осмо одделение кои се караа.