Многу е лесно да ја префрламе топката, ние имаме таква навика да ја префрламе топката на другиот и да прашуваме: „Отче, што да правам? Да го земам тој човек или да не го земам?“ Да, но ако ти кажам да го земеш, а здравјето ти се наруши, се појават душевни проблеми, болести, едно-друго, тогаш ќе велиш: „Ти ме посоветува да го земам!“ Што и да стане, за мене ќе се фатиш. Не, одговорноста треба да е твоја. Тоа е многу важно.
ДВЕ ПЛОДНИ СВЕТИЛА
Нивниот спомен молитвено се прослави во ставропигијалниот манастир во Калишта- Рождество на Пресвета Богородица. Отец Стефан Санџакоски отслужи света Златоустова Литургија, на која верните вкусија Тело и Крв Христови. А на крај како круна на се беше неговото слово во кое не поучи со зборовите на великиото руско светило Серафим Саровски- не осудувај; осудувај се самиот себе, така Бог нема да те осуди во осмиот ден.