С. Серафим Роуз, во една прилика рекол: „Зошто луѓето се учат преку болката и страдањето, а не преку удобноста и среќата? Многу едноставно, затоа што преку удобноста и среќата, човекот се навикнува да се задоволува со нештата од овој свет, додека болката и страдањето го тераат човекот да трага по најдлабоката среќа, која го надминува овој свет“.
старец Јован (Крестјанкин): Беседа
Доколку животот не прекине благовремено, душата би била во опасност да го изгуби стекнатото богатство со нови падови, и затоа милостивиот Бог го пресекува овоземниот живот во најпогодното време за спасение. И обратно: животниот век неретко се продолжува заради растење во молитвата и покајанието. Во црковната историја се сретнуваат многу примери каде што Господ на земјата ги враќа душите на преминатите што не биле спремни за средба со Него. -