Понеделник од Трета седмица на Великиот (13.03.2017)
Времето незапирливо си врви, и ние само ги броиме деновите и страшните беди и несреќи што ни се случуваат, не замислувајќи се над нивното внатрешно значење. А во тие страшни денови се крие една страшна и длабока поука. Всушност би требало причината за несреќите што ни се случуваат да ја видиме во самите себе.