За нашата навика да се оправдуваме – Схиархимандрид Авраам (Рејдман)
Што значи “самооправдување”? Во самата својата структура, овој збор го означува однесувањето во кое едно лице себеси си ја припишува вистината, со други зборови – мисли дека е праведен. Теоретски, сите ние себеси се сметаме за грешници, се покајуваме на исповед еднаш месечно или почесто. Но, кога станува збор за конкретни случаи, ние самите себе се оправдуваме: во овој случај, јас не сум виновен, во однос на тоа јас се однесував правилно…