И што значи духовниот живот? Тоа е животот кој е облагодатен од Светиот Дух. Односно, извини, Светиот Дух го облагодатува твојот живот само но ретки моменти? Ти си го поделил твојот живот? Си го разделил животот на делови? И велиш: овој дел Му припаѓа на Бога, овој на работата, овој на јадењето, овој на домот, овој на чистењето.
Се обновува конакот на Лешочкиот манастир
Започнаа да се прават заштитно-конзерваторските работи за ревитализација на стариот конак и црквата Пресвета Богородица од 14 век кои се во рамки на манастискиот комплекс Свети Атанасиј во тетовски Лешок. Во првата фаза од ревитализацијата на конакот се работи на отстранување на стариот и дотраен градежен материјал, а во втората фаза доградба со нови материјали. Денеска увид во работите извршија Митрополитот тетовско гостиварски г. Јосиф заедно со директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски.