ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ДУХОТ
Од кога постои светот, човекот ја прилагодува околината на себе. Најлесно му е да ја прилагоди природата на себе а најтешко му е да ги прилагоди на себе другите луѓе и општеството во кое се наоѓа. Човечката енергија најмногу се троши во борбата да ги промениме другите околу нас или да спречиме другите нас да не менуваат.