Излезе од печат книгата „Надминување на дуализмот“ на Митрополитот Струмички Наум (08.02.2015)
Нема друг начин освен, покрај тоа што нападот на оној што сака да нѐ повреди, ќе го доживееме како лично прашање од него до нас: „Ме љубиш ли?“ и како предизвик да ја посведочиме Христовата љубов во овој свет – за што сме и повикани; ние тој напад треба да го доживееме и како прашање: „Ме љубиш ли?“, поставено лично од Самиот Богочовек Христос до нас, преку (или во ликот на) оној што во тој момент сака да нѐ повреди.