ОБРАЌАЊЕ НА МИТР. ТИМОТЕЈ ПО ПОВОД 750 ГОДИНИ ОД СТРУШКАТА ИКОНА
Иконата на св. вмч. Георгиј е насликана во Струга, од зографот Јован, кој потекнувал источно од Кавала. Ктитор на истата бил рефендарот на Охридската архиепископија, кој исто така се викал Јован. Овие основни податоци се наоѓаат во записот на задната страна на иконата. Овој запис е читан од двајца историчари на уметност, односно, од Фрањо Баришиќ и Гојко Суботиќ, но ѝ претстои и прочитување и од македонски специјалист, коешто прочитување, се надеваме дека, во најскоро време ќе биде и публикувано.