Зошто има сѐ помалку време - Архимандрит Рафаил Карелин, I дел
Современиот човек силно го чувствува дефицитот на време. Се чини дека времето лета сѐ побрзо и побрзо. Ноќта го менува денот како утрото да ги отвора трепките на небото, а вечерта за миг ги затвора. Во детството ни се чинеше дека денот трае необично долго, дека сонцето бавно, речиси незабележливо, како огромен кораб, плива во безграничните простори на небото, и на крај, после долго пливање стигнува на пристаништето зад горите, што го обрабуваат хоризнотот.