Доц. д-р Милан Ѓорѓевиќ - За мрчењето
Луѓе кои во секојдневието со нивните „невоцрковени“ пријатели и колеги знаат да се насмеат, па дури и виц да кажат, во мигот кога ќе стапат во комуникација со останатите од „благочестивата клика“ – прифаќаат еден код на мислење и искажување кој во себе нема буквално ништо детско. Благочестивоста станува морализам со загубена смисла.