логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

По Божја промисла од 07 до 14 јули 2017 година се одржа првата Демирхисарска летна школа. Овој проект е дел од IV Демирхисарско културно лето – 2017, кое што од година во година – сѐ повеќе и сѐ повисоко се воздигнува и се потврдува како една од најпрестижните и култни културни манифестации, како во општината, така и во регионот и пошироко.

Демирхисарската летна школа како проект се роди благодарение на општината Демир Хисар – градоначалникот г. Љупчо Блажевски и локалната самоуправа, кои изминатите неколку години посветуваат големо внимание на промоција на културното наследство во Демирхисарско, со особен акцент на манастирот „Свети Јован Претеча“ во село Слепче. „Демирхисарка летна школа 2017 – историја – археологија – архитектура – уметност“, се реализира во функција на продолжување на долгорочните планови и активности на локалната самоуправа, а со финансиска поддршка на Министерството за култура, како и со партнерство на: Македонската академија на науките и уметностите, Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Центарот за истражување на културното наследство при МАНУ, Преспанско – пелагониската епархија, Манастирот „Свети Јован Претеча“ – Слепче, International Music and Art Foundation, Православниот Богословски факултет; Архитектонскиот факултет, Филозофскиот факултет (Катедрата за историја и Катедрата за историја на уметност и археологија), Домот на културата „Илинден“ – Демир Хисар, Средното општинско училиште „Крсте П. Мисирков“ – Демир Хисар, Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ – Демир Хисар, Државниот архив на Македонија – Одделение во Битола и Здружението „Архивист 2“ – Битола. Со тоа, на еден впечатлив начин се успеа да се прошират активностите околу промоцијата и доближувањето на културното наследство на Демир Хисар и Демирхисарско. Оваа промоција успеа да се прошири во повеќе домени, вклучувајќи ја историјата, археологијата, архитектурата и уметноста со една поширока хронологија, третирајќи повеќе сегменти од постарата и поновата историја на Демирхисарско.

Раководител на Школата беше градоначалникот на општината Демир Хисар, г. Љупчо Блажевски, а предавачи беа: проф. д-р Сашо Цветковски (Центар за истражување на културното наследство – МАНУ), кој воедно беше и Научен раководител на Школата; проф. д-р Ванчо Горгиев (Филозофски факултет); проф. д-р Елизабета Касапова (Архитектонски факултет); проф. д-р Виктор Лилчиќ (Управа за заштита на културното наследство) и асс. м-р Виктор Недески (Православен Богословски факултет).

На Школата учество зедоа повеќе секции составени од: студенти – додипломци, постдипломци од Архитектонскиот, Философскиот и Православниот Богословски факултет, како и докторанти, научни работници, истражувачи, кои заедно со своите раководители поминаа прекрасна седмица во Демирхисарскиот регион. Дел од учесниците беа сместени во Битола, а останатиот дел во мотел – ресторанот „Чичко Таљо“ во градот Демир Хисар, додека пак учесниците од Православниот Богословски факултет „Свети Климент Охридски“ од Скопје: асс. м-р Виктор Недески (раководител на теолошката секција); теолог Петар Петковски (постдипломец); теолог Стефан Цветановски, студентите Јордан Петрески (апсолвент), Дејан Блажески (апсолвент) и Андреј Иваноски, беа сместени во манастирскиот комплекс „Свети Јован Претеча“ во Слепче.

Првата Демирхисарска летна школа беше прогласена за отворена во склоп на отворањето на IV Демирхисарко културно лето – 2017. Манифестацијата започна на 07 јули (петок) во Слепченскиот манастир „Свети Јован Претеча“ со света божествена литургија по повод празникот Раѓање на свети Јован Крстител, кој е и главна слава на манастирот. По тој повод со Божествената литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар во сослужение на повеќе свештенослужители. Пред почетокот на литургијата во чин чтец беа ракопроизведени богословите Ѓоко Смутковски и Благојче Трошевски.

Веднаш по литургијата се одржа пригодна традиционална културно – уметничка    програма. На свеченоста присуствуваа голем број на гости и претставници на научниот, дипломатскиот, црковниот, јавниот, културниот и политичкиот живот. Свој говор на свеченоста одржа градоначалникот на општина Демир Хисар г. Љупчо Блажевски, кој поздравувајќи ги присутните гости, како и академиците Цветан Грозданов и Вера Битракова – Грозданова, меѓу другото рече дека на овие Демирхисарски простори, низ најразлични периоди од историјата се раѓале, живееле и на трогателен начин биле измачувани или крвавеле голем број македонски страдалници и херои со што се исцртувале темелите на современата македонска државност.

На свеченоста говореше и проф. д-р Сашо Цветковски од Центарот за истражување на културното наследство при МАНУ. Тој говореше за значењето на првата Демирхисарска летна школа и научните придобивки кои се очекуваат да бидат постигнати во областа на археологијата, архитектурата, уметноста и историјата. По повод празникот Иванден и отворањето на Демирхисарското културно лето и Демирхисарската летна школа, своја беседа пред присутните одржа и Митрополитот Петар.

Во уметничкиот дел беше изведен сценско – драмскиот рецитал „Македонска Библија“ според текстот на Зоран Пејковски, а настапија и студенти од Факултетот за драмски уметности во Скопје, како и познатата етно група „Синтензис“.

Во продолжение беше промовиран зборникот „Манастирот свети Јован Крстител – книжевен, духовен и уметнички центар“, којшто беше плод на истражувањата на еминентни научници од Македонија и од странство од областа на книжевноста, историјата на уметноста, архитектурата и археологијата, кои беа презентирани на Меѓународниот научен симпозиум одржан во 2015 г. Промоцијата на книгата се одржа во реновираната сала за културно-уметнички настани во манастирот, а промотори беа академикот Цветан Грозданов и деканот на Православниот Богословски факултет проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски. Потоа се одржа првата јавна проекција на документарниот филм „Духовни мироточенија“, во продукција на Македонската телевизија, а според сценарио и режија на Крстинка Билјанова и Перо Попов.

Манифестацијата заврши со свечен ручек заедно со митрополитот Петар и останатите гости, приреден од страна на сестринството на манастирот, по што следуваа слободни активности, сместување, запознавање со другите работни секции, консултирање на работната програма итн.

Утредента, на 08 јули (сабота) Теолошката група го започна денот со Утринска богослужба во чест на свети Ѓеоргиј Кратовски. По доручекот, раководителот на групата асс. м-р Виктор Недески ја одржа првата работна сесија на тема „Светоста во Православната Црква“. На предавањето се разви добра дискусија за денешното разбирање на поимот светост. Потоа проф. д-р Сашо Цветковски ја запозна групата со општата средновековна историја на Демирхисарскиот регион. Дел од групата своето попладневно слободно време го искористи за прошетка до параклисот посветен на светиот Јован Богослов, кој се наоѓа блиску до манастирот. Таму групата се задржа околу еден час, при што беше извршено детално фотографско документирање на храмот. По ручекот во манастирот во попладневните часови беше отслужена Воскресна вечерна богослужба. На вечерната работна сесија, асс. м-р Виктор Недески продолжи со наредното предавање на тема: „Агиолошките извори“, по што следуваше прошетка во градот Демир Хисар.

 

Наредниот ден – 09 јули (недела) пред почетокот на Литургијата, игуменот на манастирот, Неговото преподобие, јеромонахот Серафим ја запозна Теолошката група со големината на служењето на свештеникот за време на Литургијата. По отслужената Божествена литургија и по заедничката трпеза, започна предавањето на проф. д-р Сашо Цветковски, кој ја запозна групата со фрескоживописот на манастирскиот храм „Свети Јован Претеча“. Во оваа прилика во посета на работните групи по теологија и архитектура, кои своите активности ги извршуваа во манастирскиот комплекс, дојде градоначалникот на општина Демир Хисар, г. Љупчо Блажевски, кој од страна на предавачите беше запознаен со активностите на групите. Теолошката група имаше своја задача да ја запознае пошироката јавност со современите агиолошки предизвици и проблеми, како и да ги прошири своите знаења од областите на историјата и историјата на уметноста на многуте стари цркви и манастири, кои се важен и неоткинлив дел од историјата на нашата помесна црква како дел од нејзиното културно наследство. Архитектонската група, како цел на својата работна задача ја имаше манастирската маѓерница, која за прв пат се најде под релевантна стручна опсервација од страна на младите архитекти, предводени од проф. д-р Елизабета Касапова. По предавањето групата се упати до параклисот „Свети Јован Богослов“, каде проф. д-р Сашо Цветковски одржа уште едно предавање, поврзано со прекрасниот зачуван фрескоживопис и со историјата на параклисот. Во попладневните часови заедничко предавање одржа раководителот на Археолошката група, проф. д-р Виктор Лилчиќ – Адамс, на следните теми: 1 – Демир Хисар – Деврип во антиката и средниот век; 2 – Регионот на Скопје во VI век, со посебен осврт за Јустинијана Прима и 3 – Аларм за Тесалоника (Солун) или Јустинијановиот оптички телеграф од Дунав до Тесалоника, сегментот низ територијата на Р. Македонија. По вечерата групата се упати на својот заслужен одмор.

Утредента, на 10 јули (понеделник), во третиот ден од престојот во манастирот, Теолошката група имаше предавања од асс. м-р Виктор Недески, кој најнапред говореше за „Мачеништвото во Православната Црква“, а потоа и за „Светителите од Охридската архиепископија“. Во попладневните часови, вечерната сесија започна со предавањето на историчарот Христијан Цветковски (магистрант по историја), кој говореше на тема: „Демир Хисар и Демирхисарската област низ призмата на историските извори од XIII до XV век“. На покана на Раководниот одбор на Летната школа, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско – пелагониски и Администратор Австралиско – новозеландски г. Петар одржа предавање на тема „Светоста на бракот“. Во склоп на оваа сесија, апсолвентот Јордан Петрески, проговори за „Современиот вонбрачен сексуален однос, манифестиран низ призмата на порнографијата“, а потоа теологот Стефан Цветановски говореше на тема: „Феноменот дественост“. Сесијата заврши со голема и плодна дискусија. Следеше вечера со сестринството на манастирот, која ја приреди игуменот Серафим.

На екскурзијата која се реализираше наредниот ден, на 11 јули (вторник) Теолошката група ги посети манастирите: „Свети Никола Топлички“ и „Свети Атанасиј Александриски – Журче“. Проф. д-р Сашо Цветковски ја презентираше историската и уметничката вредност на овие два значајни манастири во Демирхисарскиот крај. Во попладневните часови, во манастирот „Свети Јован Претеча“ во Слепче, проф. д-р Сашо Цветковски одржа предавање за вредните уметнички дела од Слепченскиот манастир, а координаторот на групата асс. м-р Виктор Недески одржа предавање на тема „Новомачеништвото во Православната Црква“.

Следниот ден, на 12 јули (среда), по повод празникот на светите апостоли Петар и Павле – Петровден во Слепченскиот манастир беше отслужена божествена литургија. По литургијата и трпезата, асс. м-р Виктор Недески ги запозна присутните со уште неколку значајни хагиолошки извори, по што теологот Петар Петковски (магистрант по теологија) одржа свое предавање на тема „Почитувањето на светите мошти и реликвии во Православната Црква“. Со тоа предавање беше затворен хагиолошкиот циклус од предавањата. Попладнето групата го посети храмот „Свети Никола“ во селото Слепче, каде што подетално се запознаа со архитектонските и уметничките особености на овој храм, како и со старопечатените книги сочувани во него.

Во последниот ден (13 јули, четврток) од првата Демирхиската летна школа, Теолошката група ја проследи последната сесија предавања. Најпрво координаторот на групата асс. м-р Виктор Недески одржа предавање на тема „Половоста во источната и западната богословска традиција“, а потоа игуменот на Слепченскиот манастир, јеромонахот Серафим исто така одржа предавање на тема „Предизвиците на свештеникот во современото општество“. Со тоа успешно беше реализирана програмата на Теолошката група на оваа прва Демирхисарска летна школа.

Вечерта, пак, се одржа пригодна свеченост по повод крајот и затворањето на првата Демирхисарска летна школа – 2017 – историја, археологија, архитектура и уметност. На организираната свеченост присуствуваа сите учесници на летната школа, пред кои предавачите и раководителите на секциите ги изложија своите завршни резимеа.

На учесниците и останатите присутни им се обрати и градоначалникот г. Љупчо Блажевски, кој рече дека е исклучително задоволен што се остварија резултати над очекуваните и што уште во првото свое издание, школата целосно го оправда своето постоење. Најважно од сѐ, како што потенцира Блажевски, е што во некои од обласите се дојде до нови, значајни и досега непознати научни сознанија. На свеченоста присуствуваше и јеромонахот Серафим, игумен на манастирската обител и соорганизатор на школата, кој исто така имаше пригодно поздравно обраќање.

На сите учесници меѓу кои имаше студенти, но и постдипломци, асистенти, доценти и доктори на науки, им беа врачени сертификати за успешно посетување и завршување на школата, а градоначалникот г. Блажевски на предавачите на школата им врачи благодарници и по еден комплет од репрезентативната четиритомна монографија „Македонија – милениумски културни и уметнички вредности“, донација од Управата за заштита на културното наследство. Првиот примерок од монографијата му беше врачен на игуменот отец Серафим, во знак на благодарност и признание за огромната поддршка што сестринството при обителта ја обезбеди во целокупната организација на школата. По свеченоста, следеше џез концерт на Сашо Поповски трио.

На крај ја користам оваа прилика, најнапред од мое име, од името на Теолошката група и од сите учесници на првата Демирхисарска летна школа да им се заблагодарам на градоначалникот на општината Демир Хисар г. Љупчо Блажевски, на игуменот Серафим и сестринството на манастирот „Свети Јован Претеча“ – с. Слепче, на научниот раководител на школата, проф. д-р Сашо Цветковски, како и на сите организатори на летната школа, која беше едно прекрасно искуство за сите нас.

Искрено се надевам и посакувам, по молитвите на светиот пророк, претеча и крстител Господов Јован идната година повторно да се собереме во Претечевиот манастир. Верувам дека Демирхисарската летна школа ќе прерасне во традиција и во иднина ќе донесе уште поголеми плодови на научен и истражувачки план, што, пак, ќе послужи за промоција на овие преубави предели на нашата татковина.

подготвил:
Петар Петковски

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Повеќе:

http://pbf.edu.mk/studenti-od-teoloskiot-fakultet-ucestvuvaa-na-letna-demirhisarskata-letna-skola/

 

Извор: Православен богословски фкултет- Скопје



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная