Митрополит Николај Месогејски: Како да влеземе во Божјата логика – III дел
Во Светото Писмо и во животот на Црквата и во целата содржина на верата, има многу работи кои што не можат да се сфатат со резонирање. Едноставно не можат да бидат согледани на таков начин. Тоа е исто како да се обидуваш да влезеш во некој простор преку бетонски ѕид. Ако се втурнеме во ѕидот, ќе си ја разбиеме главата. Што ни е потребно?