Свети Јован Касијан Римјанин: За молитвата (втор дел)
Кој е белегот за тоа дека нашата молитва е услишена? – Кога за време на молитвата не нѐ вознемирува никакво сомневање и кога надежта на нашата молитва не бива ослабувана од неочекување на она за што се молиме, како и кога за време на самата молитва чувствуваме дека веќе сме го примиле она за што сме се молеле, тогаш не треба да се сомневаме дека нашите молитви навистина се услишени.