Св. Исаак Сириски: Сакаш ли да правиш добро? Подготви се за искушение
Кога ќе посакаш да правиш добро дело, најпрво да се подготвиш себеси за соочување со искушенијата, кои ќе дојдат против тебе. Бидејќи непријателот (ѓаволот), кога ќе види дека некој почнува со топла вера еден богоугоден живот, обично го подложува на различни и страшни искушенија, та од нив да се расколеба човекот, и да ја остави добрата намера.