Отец Стефан Санџакоски: Јаировата ќерка
Управникот на синагогата Јаир паднал пред нозете Исусови и Го молел да отиде во домот негов. Неговата единствена дванаесетгодишна ќерка била тешко болна и умирала. Христос Бог, нашиот добар Пастир, подготвен да ја положи душата Своја за овците Свои, се согласил и заедно со Јаир, следени од многу народ и од светите апостоли, тргнал кон домот Јаиров.