Да појдеме со Господа Кој доброволно оди на страдање
Цар на славата Сега народот, свештениците и јудејските властодршци за последен пат го слушаат словото Господово во Храмот. А тоа било сеопфатно: го опфаќало минатото, сегашното и идното. Со прашувањето за Јована, Господ наговестува дека Тој е вистинитиот Месија; со приказната за двата сина укажува дека Јудејците ќе бидат отфрлени и на нивното место ќе бидат повикани незнабожечките народи;