Ретроспектива (2005-2020): „Заборавеното лекарство (VI дел)
Кога пророкот Давид тешко згрешил пред Бога, барал жртва достојна за откуп според големината на својот грев. И не нашол друга подобра жртва од смирението, понизноста и покајното срце (Псал.50,17). Ако се смириме и ние, го понизиме нашето срце и искрено се исповедаме, не е можно да не ги почувствуваме последиците од покајанието, од кои најлесно се чувствуваат слаткиот мир на совеста и пламената обновена љубов кон Бог, која го тера срцето да грее од среќа.