Викарен Епископ Јаков Стобиски: Не плашете се да страдате
Православна светлина бр. 62
Излезе од печат Петровденското издание на списанието „Православна Светлина“. И во овој број, обработивме многу нови душеполезни теми, од кои се надеваме дека читателската публика ќе пронајде поука. Се надеваме дека и овој празничен број на Православна Светлина ќе биде радосна вест за сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко.
Молитви крај езерото - Свети Николај
Благослови ги моите непријатели, Господи. И јас ги благословувам и не ги колнам.
Непријателите повеќе ме истуркаа во Твојата прегратка, отколку пријателите.
Пријателите ме врзуваа за земјата, непријателите ме одврзуваа од земјата, и ги рушеа сите мои надежи во земјата.
Тие ме правеа странец во земските царства, и непотребен жител на земјата.
Со предавањето „Ракописното книжевно наследство на Слепченскиот Манастир“ започна циклусот предавања во Манастирскиот комплекс
Денеска во Манастирот „Свети Јован Претеча“ во село Слепче се одржа предавање на тема „Ракописното книжевно наследство на Слепченскиот Манастир“. Циклусот на предавања продолжува секоја наредна недела во Манастирскиот комплекс, а следната тема за излагање на овие предавања ќе биде од областа на Иконата и нејзиниот пат. Денеска од страна на отец Серафим беше направен и мал вовед кон темите на сите следни предавања.
Заврши петтата Демирхисарско -слепченска летна школа
Демирхисарско-слепченската летна школа, како едукативно-научна и културна манифестација, која е насочена кон проучување, истражување, афирмирање и промовирање на македонското културно и духовно наследство ги заврши годинашните активности. Затворањето на школата беше проследено со свечено врачување дипломи и признанија до сите учесници во летната школа,
Народна приказна: Од што живеат луѓето?
– Дознав дека секој човек живее не од својата грижа за себе, туку од Љубовта. Не ѝ беше дадено на мајката да дознае што е потребно за животот на нејзините деца. Не му беше дадено на богатиот да дознае што нему му е потребно. И на ниту еден човек не му е дадено да дознае дали до вечер му се потребни мртовечки, или други обувки.
АВВА ДОРОТЕЈ ОД ГАЗА: ИЗРЕКИ И ПОУКИ (4)
Свети Јован во едно од неговите посланија вели: „Совршената љубов го изгонува стравот“. Што сака со ова да ни каже светителот? За каква љубов и за каков страв ни говори? Псалмопејачот (Давид) вели: „Имајте стравопочит кон Господа сите праведници Негови“. Вакви изреки наоѓаме на многу места во Светото Писмо. Според тоа, ако светителите кои Го љубеле Бога и имале стравопочит кон Него, како можеме да кажеме: „Љубовта го изгонува стравот“?
Поука на денот (15.07.2022)
„Сeкoја направа сo кoја луѓeтo сe гoрдeат какo сo изум на свoјoт разум, всушнoст, e oбјавeна сo Прoмислата Бoжја; и сeкoја прoнајдeна направа има двe свoи назначувања: eднo физичкo, а втoрo духoвнo.
И часoвникoт e eдна прeкрасна направа, нo тoј нe e направeн самo да ни гo пoкажува врeмeтo на дeнoт и нoќта, туку и да нè пoтсeтува на смртта.
Протоереј ставрофор Глигор Дамјановски: СВЕТИ БЕСРЕБРЕНИЦИ И ЧУДОТВОРЦИ КОЗМА И ДАМЈАН (обновено)
Бидејќи имале силна и непоколеблива вера, Божјата благодат делувала врз сите луѓе коишто им се обраќале за помош. Колку што лекувале со разните треви, толку повеќе Бог, поради нивниот свет и праведен живот, ја изливал Својата благодат врз нив за да се покаже Неговата сила преку делувањето на овие бесребреници.
Децата и виртуелниот свет
Затоа воспитанието започнува од рана возраст, детето треба да се научи да има високи критериуми – естетски и духовни. Ако го предадеш детето уште од мало на телевизијата, таа ќе го смачка. Телевизијата, којашто работи со најгрубите инстинкти на човекот, го ужасува и го смачкува преку агресија, или пак обратно, создава привидна среќа, дека не си во опасност:
Теоријата на Бонхофер за глупоста: „Глупавите луѓе се поопасни од злобните“
Процесот што се одвива не значи дека одреден човечки капацитет, како што е интелектот, пропаѓа, но се чини дека под огромно влијание на растечката моќ луѓето остануваат лишени од својата внатрешна независност и повеќе или помалку свесно се откажуваат од независното размислување.
Слаѓана Ставрева: Наводаџии фалбаџии
·Во старо време имало една многу убава, кротка и вредна мома. Била умна и вешта, питома и праведна. Со гласот свој славеите во гората ги натпејувала, а со играта сите играчи ги надигрувала. Била учена и многу писмена. Читала и пишувала на многу јазици, а творела на својот единствен јазик и своето единствено писмо наследено многу одамна од претците.
Иванден во храмот „Рождество на свети Јован Крстител“ во Бутел
На 7.7.2022 година, ден кога Црквата гo прославува Рождеството на чесниот славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован (Иванден), Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан отслужи Света Литургија во храмот посветен на рождството на св. Јован Крстител во Бутел.
Средба на Архиепископот со г-ѓа Славица Лазареска Мелничук, диригентка на хорот од катедралната црква „Покров на Пресвета Богородица“ во Чикаго
На 4.7.2022 г., Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан оствари средба со г-ѓа Славица Лазареска Мелничук, диригентка на хорот од катедралната црква „Покров на Пресвета Богородица“ во Чикаго. Г-ѓа Славица е долгогодишен хорист во САД која покрај руското, го користи и македонскиот напев на црковните песнопенија. Таа е автор и на неколку црковни композиции.
Старец Клеопа: Четирите духовни оружја
Првото оружје е никогаш да не се надеваме самите на себе, зашто Светото Писмо вели: „Проклет да е човекот кој се надева во човек и кој смета дека телото му е силно“. Значи, прво што е потребно во невидливата борба е да ја спознаеме својата немоќ и ништожност, бидејќи „кој себеси се смета за ништо“, вели св. Јован Златоуст, „се познава подобро од сите останати“;
Четирите завети на Свети Наум
Еден ден пред Божиќ, кога свети Наум ја беше завршил светата Литургија во манастирот и ги беше причестил монасите и народот, почувствувал дека му се приближува разделбата од овој свет. Гледајќи го монасите неговото бледо лице, од кое излегувала некоја блага светлина, почувствувале во своите срца дека наскоро мора да се разделат од својот духовен отец и учител.
Св. Григориј Палама: Да се плашиме од скаменетата нечувствителност за нашите гревови
Навистина е Божји дар да се чувствува длаболка болка поради гревовите.
Тоа е полно покајание, самоосудување со цврста намера да се остави дотогашниот гревовен живот, да се стане нов човек, да се помириме со Бога и со сопствената совест. Тоа е, исто така, и цврста доверба во Божјата сепростувачка добрина. Само оној кој свесно и искрено се кае добива простување. За непокајните, пак, следува пропаст.