Не ожалостувај ја душата на падниот; не огорчувај го оној што е во сиромаштија. Не измачувај срце што е веќе огорчено; не ја одлагај милоста кон оној што нема. Не одбивај ги молбите на неволниците; лицето твое не свртувај го од сиромавиот; не свртувај ги твоите очи од оние што просат; никому не давај повод да те колне.
Христе, во светлината на Твоето лице оние што си ги избрал, упокој ги
Љубовта на Црквата Божја сјае насекаде, го прегрнала и сегашниот век, се грижи за идните, а се простира и во минатите, сѐ до самиот почеток, до созданието Адамово. Иако не е од времето, таа ги опфаќа сите во времето, за и нив да ги направи вечни, приближувајќи ги до вечниот, насекаде присутниот, семудриот Бог, Творец и Дародавец на љубовта Божествена.