Мора да ја ползуваме, колку што можеме духовната арена со сите можности и предуслови што ни ги дава за уште повеќе да Му се приближиме на Христа Распнатиот, да ја добиеме Неговата помош и духовно преобразени, да се радуваме на Неговото свето Воскресение, бидејќи подуховно ќе го проживееме Великиот пост.Ви посакувам на сите добри сили за време на Великиот пост за да се искачите на Голгота и да Му се доближите на
Господ е најголемиот пријател на жената
Отсекогаш Црквата се грижела човекот да ја достигне вистинската полнота на своето постоење, трудејќи се да ги испише во неговото срце моралните начела, односно да го поттикне кон морално и духовно издигнување над паганскиот примитивизам, кој што, за жал, денес владее во светот што го опкружува. Да го поттикне, а не да го присили, што значи дека вистинската мисија на Црквата не е да врши притисок врз луѓето, ниту врз државата за таа да ги менува законите, доколку нејзините државјани не го сакаат тоа и сакаат да живеат според тие пагански начела.