Ретроспектива (2005-2020):Св. Серафим Саровски-За верата, надежта и љубовта кон Бога(7)
Вистинската и мудра надеж се гледа во тоа што човекот воопшто не се грижи за себе, и тоа од љубов кон Бога и заради добродетелите, знаејќи дека за него се грижи Бог. Ако, пак, човекот самиот се грижи за своите работи и кон Бога се обраќа со молитва само тогаш кога доаѓаат неизбежните несреќи, па не наоѓајќи во сопствените сили соодветно средство, почнува да се надева на Божјата помош – таквата надеж е суетна и лажна. Вистинската надеж го бара само небесното Царство, и притоа е уверена дека сѐ земно, што ѝ е потребно во овој минлив живот, ќе ѝ биде дадено.