СПОМЕН НА СВЕТИТЕ ОТЦИ НАШИ; И АРХИЕПИСКОПИ АЛЕКСАНДРИСКИ; АТАНАСИЈ И КИРИЛ
Кога благодатта на Светиот Дух ја најде твојата душа каква што ја сакаше – очистена од страстите, јасно го покажува во неа своето дејство, и за пресветло светило на светот, отче, те поставува.
Премудри (Атанасие), за светите ти беше како правило за светителството, а твојот живот стана образец за дејствување; твојот јасен збор – образец за созерцавање, а твоето учење се покажа како вистинско богословие.