о. Горан Стојчевски: МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС
Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и на оние моменти на Крстот Господов. Во последните моменти, кога сите се разбегуваат и одрекуваат од Христа, под Крстот или, поточно, под Оној КОЈ Е на Крстот, остануваат Неговата Мајка и Неговиот возљубен апостол. Сите имаат причини, а Пресвета Богородица и свети Јован Богослов имаат љубов.