Архиепископ Василиј (Кривошеин):Аскетското и богословско учење на свети Григориј Палама (1)
Прашањата за можноста за богопознание и за неговите патишта има прилично значајно место во делата на свети Григориј Палама. Потребно е, сепак, веднаш да се забележи дека исходна точка на сето негово учење е утврдената од него потполна недостижност на Бога за разумот и Негова неискажливост со зборови. Таа мисла за непостижноста на Бога за разумот кај свети Григориј Палама е поврзана со сето негово учење за природата на Божеството,