Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД
Дали тагувам над човечките страдања? Дали жалам поради неволјите во Црквата и државата, во семејството и општеството? Дали страдам заедно со сите кои страдаат, во беда и нечистотија, во очајание и грев? Дали жалам поради болестите, заразите, несреќите и умирањата? Или сè едноставно прифаќам „така како што е”, преминувајќи преку сè и мислејќи дека е храброст тоа што е, всушност, скаменетост на срцето и недостаток на сочувствена грижа?