Заупокоена Литургија со молитвен спомен за Митрополитот Горазд
На 22.12.2022 година, кога Црквата ги празнува преп. Даниил столпник и преп. Лука нов столпник, со благослов и присуство на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, беше отслужена Заупокоена Литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Со Литургијата чиноначалствуваше Неговото Вископреосвештенство, Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение на свештенослужители од Скопската епархија.
По Литургијата, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Панихида во молитвен спомен за Митрополитот Горазд.