Душеполезни молитвени размислувања – 1 дел
Немоќно е телото мое, немоќна е душата, немоќен е умот, немоќни се помислите: ослабе крепоста моја, осиромашеа во суета деновите мои (Пс. 77, 33), го гледам крајот кој ми се приближува. Но, Господи, подај ми рака мене, кој тонам во длабочината на сластите: отвори ми мене, кој недостојно тропам, и не заклучувај ги за мене вратите на милосрдието Твое. Зашто, ако Ти ги заклучиш, кој ќе ги отвори?