С. Серафим Роуз, во една прилика рекол: „Зошто луѓето се учат преку болката и страдањето, а не преку удобноста и среќата? Многу едноставно, затоа што преку удобноста и среќата, човекот се навикнува да се задоволува со нештата од овој свет, додека болката и страдањето го тераат човекот да трага по најдлабоката среќа, која го надминува овој свет“.
Бог е Оној за Кој вреди да страдаме до крајот
Хуманитарна дејност (29.01.2019)
Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, заедно со парохискиот свештеник, протоереј Маријанчо Мадевски, ги посетија семејствата Симоски од с. Теарце и Костадиновски од с. Отушиште и во име на Тетовско-гостиварската епархија, за овие семејства, на кои им беше неопходна помош, донираа храна,прехрамбрени производи, бела техника и огревно дрво.