ЦРКВАТА, ТАЈНИТЕ И ПРИЧЕСТА
Црквата го црпи својот идентитет низ историјата не од тоа, што претставува сега, туку од тоа, што ќе биде кога во есхатонот целосно ќе се преобрази во Царство. На својот пат, таа претвкусува и веќе се приопштува кон есхатонот. Битието на Црквата е децидно определено од дијалектичкиот однос меѓу историјата и есхатонот.