Митрополит Атанасиј Лимасолски:Бракот е љубов, а не диктатура (I-дел)
Факт е дека ако човек го чита Светото Писмо површно, ќе забележи една пристрасност во полза на мажите, така изгледа на прв поглед, но Светиот Апостол Павле јасно ни вели дека во Исуса Христа не постои ни машки ни женски, туку сите сме едно во Христа. Следствено, Христос ја брише таа разлика. Црквата верува и поучува за еднаквоста на половите, но како што вели Старец Пајсиј, Црквата донесе еднаквост, ама не израмни се. Таа не е булдожер кој што порамнува, туку гледа да ги запази особините на полот.